![File photo of a Navy guard patrolling Camp Delta?s detainee recreation yard during the early morning at Guantanamo Bay naval base](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/01/guantanamo-1024x681.jpg?resize=696%2C463&ssl=1)
Пентагон во саботата соопшти дека привремено го прекинува планираното вакцинирње на затворениците во кубанскиот залив Гвантанамо против Covid-19, по протестите и критиките кои се покренаа поради недостигот од вакцини за здравствените работници и за поврозрасната и чувствителна популација во САД.
„Ниеден од затворениците во Гвантанамо не е вакциниран. Го запираме планот за вакцинирање за да ги преиспитаме протоколите. И натаму ќе бидеме доследни во исполнувањето на обврските за нашите сили да бидат заштитени“, се правда во објавата на Twitter, портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.
Американскиот затвор во базата Гвантанамо на Куба, е наменет за затвореници поврзани со „војната против тероризмот“, каде според невладините организации има и лица против кои не е подигнато никакво обвинение и каде што е и заточен Пакистанецот Калид Шеик Мохамед, самопрогласниот идеен творец на нападите од 11-ти септември 2001 година, најголемиот терористички чин во историјата изведен на територијата на САД.
На почетокот од седмицата американското министерство за одбрана соопшти дека ќе им ја понуди вакцината против коронавирусот на затворениците во Гвантанамо кои сакаат да се вакцинираат. На тоа остро реагираа претениците во Конгресот, меѓу кои најгласен беше републиканецот Кевин Меккарти.
„Претседателот (Џо) Бајден ни кажа дека има план да го победи вирусот (…) Не ни кажа дека вакцината ќе им ја даде на терористите пред да ја добијат повеќето Американци“, напиша Меккарти на Twitter.
„Непростливо е и во противамерикански дух е претседателот Бајден во вакцинирањето да им даде предност на терористите во Гвантанамо, намето на постарите Американци и на воените ветерани“, реагираше и пратеничката Елиза Стефаник.
САД со речиси 26 милиони заразени и 436.000 починати од коронавирусот се најтешко настраданата земја во пандемијата во светот.
Претседателот Бајден вети дека во првите сто дена од неговото владеење ќе овозможи вакцинирање за 100 милиони Американци. Но тоа не оди лесно поради недостигот од вакцини, како и проблемите во процесот на производство и логистига за американските препаратите против Covid-19 кои се засновани на досега првпат применета метода и бараат специфична транспортна и инфраструктура за складирање.
Американски здравствени функционери претходно седмицава известија дека од 50 милиони дози распределени ширум земјата, употребенни се помалку од 30 милиони дози.