Бројот на американските војници кои се здобиле со разни степени повреди во текот на иранското ракетирање врз воените бази во Ирак ноќта на 8-ми јануари, се искачи на 50 лица, потврди во средата Пентагон, што е уште едно зголемување на бројот настрадани откако првично американската страна објави дека во нападите немало ранети
Пред пет дена Пентагон потврди дека 34 американски војници стационирани во двете бази во Ирак биле повредени во нападот на Иран, откако претходно на 17-ти јануари, девет дена по нападот објави за 11 настрадани.
Иран ноќта кон 8-ми јануари изведе напад врз ирачките бази во кои се сместени американски војници, во Аин ал-Асад и во Ербил, врз кои беа истрелани 22 балистички ракети. Иранските и ирачки медиуми тврдат дека во одмазничките напади биле убиени 80 лица, додека САД ги негираат овие тврдења, а претседателот Доналд Трамп изјави дека „сѐ е во ред“ по ракетирањата.
Во средата портпаролот на американското министерство за одбрана, Томас Кемпбел, во писмена изјава за медиумите извести дека бројот на повредените војници се искачил на 50.
„Кај 16 нови војници беа дијагностицирани черепно-мозочки трауми.. Досега со вакви повреди на главата се здобиле 50 војници на САД“, наведува генерал-полковникот Кемпбел и додава дека бројот на повредените може да се зголеми.
Според него, од педесетте повредени, 31 војник добиле медицинска помош во Ирак и веќе се вратиле на своите должноста. Осумнаесет војници биле евакуирани во Германија за лекување. Претходно беше објавено и дека повредите се состоеле од потреси на мозокот, а војниците потоа биле евакуирани во болници во Кувајт и во Германија, а Кампбел наведува дека не станува збор за сериозни повреди.
Првите информации за настрадани американски војници ги објави изданието Defense One, повикувајќи се на воени извори во самите САД. Тогаш беше објавено и дека повредите се состоеле од потреси на мозокот, а војниците потоа биле евакуирани во болници во Кувајт и во Германија.
Во текот на нападот, во бункери биле евакуирани повеќето од 1.500 американски војници во базата Аин ал-Асад.
Според последователните извештаи американската војска призна дека во иранскиот ракетен напад била нанесена значителна материјална штета, иако првично тоа го негираше, како и дека не настрадал ниеден војник. Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, по нападот рече дека „ниту еден Американец не е повреден“.
Меѓутоа Пентгон претходно објави дека во „деновите по нападот, како мерки на предострожност, некои војници се префрлени од воздухопловната база Аин ал-Асад“. „Тогаш осум војници се префрлени во Ландштил (американска воена болница во Германија), а тројца се префрлени во Кемп Арифџан (воена база во Кувајт)“.