Пеперутките и пчелите во целиот свет умираат со алармантна брзина

Според истражувањето објавено на крајот на 2017. година, врз основа на податоците на германските научници, Европа за помалку од 30 години загубила речиси 80 проценти од “своите”, инсекти, што резултира со загуба на повеќе од 400 милиони птици.

Речиси половина од сите видови на инсекти, клучни за екосистемите и економијата во целиот свет ќе исчезнат и ќе загинат со алармантна стапка, резултатите се од студијата која предупредува на “катастрофален колапс” на природната средина на планетата на која живееме.

Екосистемите не можат да функционираат без милионите инсекти кои ја формираат основата на синџирот на исхрана, а резултатите од новото истражување, објавено во списанието Biological Conservation, покажуваат дека на нивното исчезнување најмногу влијаат човековата активност и климатските промени.

 

Да се промени начинот на производството на храна

“Заклучокот е јасен: ако ние не го смениме начинот на производството на храната, некои инсекти за неколку децении едноставно ќе изумрат”, велат авторите на оваа прилично застрашувачка синтеза на седумдесет и три студии, кои со прст вперуваат особено во земјоделството, бидејќи поради него се уништува премногу корисна флора и фауна.

Денес третина од видовите се пред изумирање, “а секоја година листата се зголемува за дополнителен еден процент”, велиат  Францвиско Санчез Бајо и Крис Викус од Универзитетот во Сиднеј и Квинсленд, истакнувајќи дека оваа бројка е еквивалент на “најголемата епизода на изумирање” од исчезнувањето на диносаурусите.

 

Повеќе од 40% од 30 милиони видови инсекти се соочуваат со исчезнување

Тие додаваат дека повеќе од 40 отсто од 30 милиони видови на инсекти кои живеат на Земјата е во опасност од истребување. “Учеството на инсектите кои исчезнуваат, а станува збор за околу 41 проценти, што е два пати поголемо отколку ли кај ‘рбетници, а стапката на изумирање на локалните видови, која изнесува 10 проценти, осум пати поголем”, изјави Санчез-Бајо.

Кога зборуваме за исчезнување на биодиверзитетот, нашето внимание обично го привлекува судбината на големите животни. Премногу лесно се заборава дека инсектите се клучни за екосистемите. “Ние треба да дејствуваме брзо и да се обидеме да го спречиме колапсот на важни екосистеми затоа што последиците ќе бидат катастрофални”, велат научниците.

Инсектите се од витално значење кога станува збор за процесот на опрашување, а намалувањето на нивниот број влијае на целиот синџир на исхрана. Во Франција, на пример, во текот на 2018. година евидентирано е намалување на бројот на птици. “Нема повеќе толку инсекти, што е нашиот најголем проблем”, објаснува еден од авторите на француската студија, Vincent Bretagnolle, додавајќи дека и птиците кои се хранат со семиња во еден момент од годината им се потребни инсектите за да ги нахранат своите млади.

 

Европа во 30 години изгубила речиси 80% од “своите” инсекти

Според резултатите од истражувањето објавено на крајот на 2017. година, врз основа на податоците на германските научници, Европа за помалку од 30 години загубила речиси 80 отсто од “своите” инсекти, што резултира со загуба на повеќе од 400 милиони птици. На глобалното намалување на бројот на инсектите влијае и глобалното затоплување.

За инсектите како извор на храна, освен птиците, зависат, ежевите, гуштерите, рибите, водоземците …

Австралиските научници како проблем ја наведуваат брзата урбанизација, прекумерното уништување на шумите поради пренамена на земјиштето во земјоделско и употребата на пестициди и вештачки ѓубрива, особено во последните шеесет години.

Намалувањето на бројот на инсекти датира од почетокот на дваесеттиот век, но брзо се зголемил во текот на педесеттите и шеесеттите години од минатиот век и достигнало “алармантни размери” во последните 20 години.

Меѓу најзагрозените видови на инсекти се Lepidoptera (пеперутки), Hymenoptera (пчели, оси, мравки, стршлени – кои живеат на сите континенти освен на Антарктикот) и бубачки (летмари,бубамари, светулки).

Во зоната на Медитеранот значително се намалил бројот на инсектите лепешкари, а исчезнат е и голем број на пчелни видови. Од исчезнувањето не се поштедени ниту водните инсекти.

“Итно е потребно повторно да се обноват живеалиштата на инсектите, да се преиспита досегашната земјоделска практика, со посебно внимание на намалување на употребата на пестициди и нивна замена со одржливи материи”, истакнуваат авторите на извештајот, потсетувајќи дека треба да се внимава за “заздравување” на контаминираната вода, како во градовите така и во руралните средини.