Пепи Манасков за Екипа: Горд сум како родител и како поранешен играч

Легендата на македонскиот ракомет, Пепи Манасков, во изјава за порталот ЕКИПА вели дека е горд и како поранешен репрезентативец и како родител.

Таткото на нашиот Дејан Манасков, кој го постигна голот за израмнување на вчерашниот дуел против репрезентацијата на Србија (27-27), што значеше и понатамошен пласман на националната селекција, вели дека воопшто не му е лесно да следи натпревар на машката ракометна репрезентација. Но, се радува искрено на успесите.

Можам да кажам дека сум горд како родител и како поранешен играч. Одлично е чувството да се следат успесите на репрезентацијата, но воопшто не е лесно да се гледаат натпреварите. Секој меч го преживуваме емотивно. Мислам дека Дејан одлично ги одигра и претходнодните мечеви, но вчера спортската среќа беше на негова страна. Десет голови за крило се неверојатен ефект. Тешко е да се гледа како навивач, од страна, но се слушаме телефонски секој ден и верувам дека и понатаму ќе продолжи со добра игра, вели за ЕКИПА, Пепи Манасков.