Пердасдефогу изгледа како и секое друго село на италијанскиот остров Сардинија, со предроманска црвка, централен плоштад и шармантни мали продавнички, и според ништо не се наметнува, сѐ додека не се сфати дека во него живеат повеќе стогодишници на бројот на жители како никаде на друго место во светот.
Дури и еден од плоштадите се вика Пјаца Лонгевита – Плоштад на долговечноста. Сега во селото има девет стогодишници на 1.780 жители, што како рекорд го признава Гинисовата книга на рекордите.
Најмладата стогодишна жена во Пердесдефог е Анунцијата Стори, која троцифрениот роденден го прославила во август, За себеси вели дека е „здрава како риба“. Темпераментна и весела, Анунцујата не пие никакви лекови и готви минестроне со вид домашно сардиниско тесто.
Дали храната е тајната за долговечност на жителите на Пердасдефогу? Пјетро Мереу, режисер на документарниот филм „Клуб на стогодишници“ вели дека луѓето на истокот од Сардинија тешко живееле, но со многу помалку стрес отколку денес. Тие го следат ритамот на природата наместо постојано да се грижат за мобилните телефони или за електронската пошта.
Антонио Брунду потврдува дека земјоделството отсекогаш било главата професија во местото. „Луѓето секогаш работеа на свеж воздух“, вели Брунду кој со 104 години е најстариот жител во селото. Неговата кожа и натаму е затегната и благо исончана и само недостигот на неколкуте предни заби укажува на неговата возраст, се наведува во репортажата што ја пренесува агенцијата DPA.
Салваторе Мура, историчар и општински советник, вели дека неколку фактори може да ја објаснат долговечноста на ова население. Еден е генетиката, а покрај оа јадат храна којашто е одгледана „на оддалеченост од нула метар“, односно во нивните градини. Важно е и друштвото – „Сѐ до последниот ден се опкружено со членовите на семејствата. И тоа ги прави физички и ментално здрави“, вели Мура.
Сечиј стоти роденден селото го прославува заеднички. Годинава веќе нема да има, но може да ги има следната.
Келнерот Мауро во локалната гостилница на централниот плоштад Пјаца Еропа, тврди дека „едноставно сардинискиот начин на живот“ е заслужен за долговечноста. „Тука не појат лекови, се хранат здраво и живеат мирно“, објаснува.
Свои заклучоци за сардиниската долговечност ќе се обидат да изведат и научниците. Универзитетот Сасари планира да секвенционира 13.000 ДНК примероци од покраината Олигастре, објави неодамна италијанската агенција Ansa.
„Се надеваме дека ќе покажеме дека луѓето на Сардинија добро живеат, а тоа би претставувал и начин и да го ‘изрекламираме’ нашиот крај“, вели проректорот Гавано Мариоти.