Перо Антиќ го повреди коленото

Перо Антиќ одигра добар меч за Фенербахче против Цедевита, но за жал на истиот заработи и незгодна повреда на коленото поради која извесно време ќе мора да отсуствува од кошаркарските терени.

Македонскиот кошаркарски интернационалец и поранешен македонски репрезентативец незгодно доскокна при едно положување, остана да лежи под кошот, по што со помош на медицинските лица на Фенербахче го напушти теренот.

Турскиот гигант стигна до нова победа во Евролигата, но во таборот на Фенербахче се свесни дека овој триумф е скапо платен, бидејќи покрај Антиќ, повреда заработи и грчкиот плејмејкер Коскас Слукас.