Пешевски: Главната нишка за активностите на СДСМ е желбата да се дојде на власт на нелегален начин

Во изминатиот период СДСМ беа полни со конфузни изјави од најразлични области. Главна нишка за целата нивна активност е желбата да се дојде на власт на нелегален начин. Затоа велиме добро ќе ги направиме овие избори. И на овие избори со идеите на граѓаните ќе излеземе со најдобра програма. Искуството е на наша страна, вели вицепремиерот Владимир Пешевски кој попладнево се обрати на трибината во Бутел која ја организира ВМРО-ДПМНЕ во рамки на кампањата „На Македонија и треба твојата идеја“.

До овие избори е дојдено на тој начин што нашиот политички опонент преку организирано кршење на закон, преку прибирање на информации на нелегален начин,  предизвика таква криза која бараше да се инволвира меѓународниот фактор и едноставно ние во ВМРО-ДПМНЕ сметавме за да не се прави поголема штета на Република Македонија ќе излеземе на избори и ќе видиме на кого ќе му ја даде довербата народот, додаде Пешевски.

Тој потсети дека народот во континуитет ја дава поддршката за ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека генерирањето на овие идеи всушност е еден начин на давање поддршка од граѓаните за оние кои тие сметаат дека ја заслужуваат.

Пешевски истакна дека голем дел од проектите во нивните досегашни програми биле дадени токму како идеи од граѓаните, бидејќи како што рече тие најдобро знаат што им е потребно. Воедно додаде и дека не постои група во Македонија којаадосега не била третирана од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ниту сегмент во живеењето каде во изминатите години не било нешто направено.

Некаде помали, некаде многу поголеми подобрувања. Не тврдиме дека се е решено, но има сегменти каде сме направиле многу подобрување, вели Пешевски.