
Во саботата во 11.40 часот во Штип на улицата „Генерал Михајло Апостолски“ патничко моторно возило „фолксваген поло“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот З.П. удрило во 46-годишниот И.И., и двајцата од Штип.
На И.И. му била укажана помош во клиничката болница во Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид на лице место од страна на увидна екипа, соопштија надлежните.