Пешак прегазен во центарот на Струмица

Седумдесет и седумгодишна жена е тешко повредена, откако во понеделникот рано претпладнето била удрена од автомобил во централното подрачја на Струмица, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил вчера околу 9,30 часот кога било пријавено дека на булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица, автомобилот „застава“, со струмички регистарски ознаки, управувано од 59-годишниот М.М. од Струмица, удрило во неговата 77-годишна сограѓанка Р.Г. која се движела пешки.

Во незгодата Р.Г. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Струмица.