Шеесет иосумгодишнен жител на Кочани е тешко повреден откако на него во петокот доцна попладнето налетал автомобил управуван од негов помлад сограѓанин, соопшти во саботата Министерството за надворешни работи.
Инцидентот се случил околу 17,45 часот кога било пријавено дека во Кочани на улицата „Страшо Пинџур“, кај место викано Стришинска чешма, автомобил „сузуки свифт“ со кочански регистарски ознаки управувано од 56-годишниот Д.Г.(56) од Кочани удрило во пешакот 68-годишниот Т.Е. од Кочани.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Јавната здравствена установа Кочани.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.