Пешевски: СДСМ и Пендаровски создаваат клима на несгурност

Вицепремиерот за екононмски прашања, Владимир Пешевски, во својот говор посочи дека СДСМ и Пендаровски шират неточни информации кои создаваат клима на несигурност, која не и е потреба на Македонија.

„Упатуваат порака дека доколку нивниот кандидат победел на изборите ќе се спротисвтавувал на политиките на Владата. Со ваквите изјави почитувани, тие веќе и нанесуваат штета на Македонија, бидејќи непотребано создаваат клима на несигурност и инвеститорите се загрежи дали во иднина тоа може да има негативни последици врз нив. Едноставно не знаат што прават. Она што СДСМ не сака да го види е дека единственото нешто што е во опаѓање во оваа земја е невработеноста, невработеноста што во нивно време растеше и покрај тоа што немаше светска економска криза невработеноста која со ВМРО-ДПМНЕ опаѓа дури и во услови на светска економска криза,“ нагласи Пешевски на митингот во Велес.

Тој ним им упати порака да ја остават економијата на оние кои знаат да ја водат, на тимот на ВМРО-ДПМНЕ, на Груевски и Иванов.