Песков: Псевдопомошта од Западот ќе ја плаќа украинскиот народ

Украинскиот народ на крајот ќе мора да плати за псевдо-поддршката што Западот му ја дава на Киев, оцени во понеделникот портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Западните сојузници на Украина во нејзината војна против Русија во петокот во американската воздухопловна база крај западниот германски град Рамштајн договорија нова голема воена помош за украинската армија, но не донесоа конечна одлука и не успеаја да ја убедат Германија да дозволи испораки на своите модерни тешки офанзивни тенкови „Leopard 2“ во Украина чии власти бараат стотици тенкови за да можат да преземат противофанзива, и како што велат, да ги вратат териториите утврдени во 1991 година, односно оние кои не ги контролираат по прозападниот преврат во 2014 година.

На прашањето во текот на дневниот брифинг со новинарите акредитирани во Кремљ, портпаролот Песков оцени дека поделбите во Европа во врска со испраќањето тенкови за Киев покажува дека расте „нервозата“ во НАТО.

„Меѓутоа, секако, дека земјите коишто учествуваат, непосредно или посредно, во испраќањето на оружје во Украина и покренување на нејзиното технолошки ниво ја понесуваат одговорноста за продолжување на судирите. Суштината е во тоа што украинскиот народ ќе ја плати цента за сета таа псевдо-поддршка“, додаде Песков.