Песков: Санкциите од Западот нема да го променат рускиот став за Украина

Поради санкции од Западот, Русија никогаш нема да го смени својот став околу Украина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков додаде дека, иако почнаа преговорите меѓу Москва и Украина, нема планови за разговори меѓу претседателите на двете земји, јавија руските медиуми.

Тој ги отфрли обвинувањата дека на удар на руските сили во Украина се цивилни цели, како и дека користат касетни и вакум бомби.