Пет лица под истрага за трите жртви во лавината во јужен Тирол

Канцеларијата на јавниот обвинител отворила истрага по смртта на трите Германки во снежната лавина во италијански јужен Тирол, а истрагата засега е насочена против пет лица.

Кнацеларијата на јавниот обвинител во Болцано објави во понеделникот дека ќе истражува „повеќекратно убиство од небрежност и предизвикување лавина од небрежност“.

Засега не е познато што ја предизвикало лавината, во услови кога немало зголемено ниво на опасност од лавини ниту предупредување. Скијачката патека во долината на глечерот Сеналес е затворен за да може да се соберат доказите.

Телата на жртвите ќе бидат вратени во Германија. Жената и двете деца од Германија загинаа во саботата во снежната лавина во јужен Тирол. Несреќата се случи во зимското одморалишет Шналс, западно од градот Мерано.

Смертно настрада 35-годишна жена од германската сојузна покраина Тирингија и седумгодишно девојче од покраината Северна Рајна-Вестфалија. Второто девојче, ќерка на загинатата исто така на седумгодишна возраст, им подлегнало на повредите откако со хеликоптер било пренесено во болницата во Тренто.