Пет лица се уапсени и обвинети за грабнување на кучињата на американската пејачка Леди Гага и за тешка повреда нанесена со огнено оружје на мажот кој ги шетал милениците во февруари во Холивуд, пренесуваат агенциите.
Тројцата уапсени момчиња се обвинети за кражба на кучињата и обид за убиство на шетачот на домашните миленции, објави државниот обвинител Џорџ Гаскон од Лос Анџелес.
„Станува збор за бесрамно злосторство на јавно место во коешто еден маж е тешко повреден“, изјави Гаскон.
Уште две лица се обвинети за соучесништво, а едно од нив е жена којашто ги вратила француските булдози два дена по кражбата.
Педесетгодишната Џенифер Мекбриџ тогаш рекла дека ги пронашла на улица и стапила во контакт со Леди Гага која во времето на грабнувањето во Рим снимала филм, но преку медиумите вети награда за враќање на своите миленици од 500.000 долари.
Мекбриџ била во врска со петтиот осомничен, таткото на тројцата напаѓачи и требало да ја собере наградата, соопшти полицијата.
Кутрињата на Гага беа грабнати на 24-ти февраури и покрај жестокиот отпор кој ги пружил нивниот шетач, вработен кај пејачката, а грабнувачите пукале во него ранувајќи го во градите. Грабнувачите двете кучиња ги ставиле во автомобил, а третиот успеал да се истргне и потоа да се врати до ранетиот шетач Рајан Фишер.
„Бев многу близу смртта“, рече подоцна во интервју 30-годишниот Фишер.
Полицијата во четвртокот соопшти дека истрагата „не верува во тоа дека осомничените го имале за цел шетачот, знаејќи кој е сопственикот“ на кучињата.
Меѓутоа, доказите упатуваат на тоа дека се осомничени знаеле за висока цена на расата, бидејќи француските булдози релативно редок и баран сој и достигнуваат цена од неколку илјади американски долари.
Тројца браќа, 18-годишниот Џејмс Џексон, 19-годишниот Џејлен Вајт и 27-годишниот Лафајет Вејли, се обвинети за обид за убиство, обид за грабеж и грабеж од втор степен, а Мекбриџ и петтиот обвиенет 40-годишниот за соучесништво. Сите петтмина во четвртокот се изјасниле дека не се бвиновни, а следното рочиште е закажано за 11-ти мај.