![urgenten-centar-640x386](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/12/urgenten-centar-640x386.jpg?resize=640%2C386&ssl=1)
Сакале да скокнат на глава во вода, но завршиле на Клинички. Пет момчиња помлади од 15 години цело лето се на лекување на трауматологија, ортопедија и Карил кои при скок во вода сериозно го повредиле вратниот ‘рбет.
Директорот на клиниките вели дека пациентите настрадале во различни базени, но сите уште долго ќе бидат во болница и цел живот ќе бидат парализирани.
„Децата и возрасните никако да не скокаат во плитки и непроверени води. Ако баш се инсистира на скок со глава, тогаш треба да се скокне прво на нозе да се испита убаво теренот. Да видат дали е длабоко, за да не дојде до некоја фатална повреда на ‘рбетниот мозок на вратниот ‘рбет. Уште еднаш ќе потенцирам: Не ме доведувајте во ситуација да неможам да ви помогнам“, вели д-р Илир Хасани, директор на Клиниките ТОАРИЛУЦ.