Пет мртви во пожарот во Калифорнија, Малибу се евакуира

Пет лица смртно настрадале во северниот дел од американската сојузна држава Калифорнија, кога пламенот ги проголтал нивните возла додека се обидувале да го напуштат Парадајс, планински град северно од Сакраменто, кој е во голема мера уништен во еден од трите пожара кои беснеат во државата, соопштија властите во петокот.

Околу 800 километри појужно, друг пожар ги принуди жителите на Малибу на евакуација и му се заканува на градот Таусенд Окс во кој поранешниот маринец во средата навечер во бар-ресторан преполн со студенти уби 12 луѓе, уривајќи ја репутацијата на едно од најбезбедните места во САД.

Трет пожар, исто така, се шири низ округот Вентура, во јужна Калифорнија. Во северна Калифорнија, пак, пожарот Кемп рано утрото по локално време во петокот се прошири до предградијата на градот Чико и присили илјаднци луѓе да ги напуштат своиет домови, откако блискиот град Парадајс беше уништен во пожарот. Известувањето за евакуацијата е поставено за жителите на источно Чико, град со околу 93.000 жители, 145 километри северно од Сакраменто.

„Пожарникарите протолжуваат активно да се борат против пожарот, за да ги заштитат животите и имотите“, соопшти противпожарната служба на Чико.

„Градот е уништен, се’ е разорено“, изјави портпролот на противпожарната служба зборувајќи за Парадајс во кој живеат 26.000 жители.

Освен што петмина смртно настрадале во возилата, многумина биле принудени да ги остават своите автомобили и да трчаат за да се спасат. Околу 2.000 куќи се уништени во оваа област, соопштија властите.

Пожар горел и во некои делови од округот Лос Анџелес, каде што во петокот утрото по локално време е наредена евакуација јужно од автопатот 101, соопштија од противпожарната служба на округот Лос Анџелес. Пожарот минал преку автопатот 101 на неколку локации, како Калабасас и Агура Хилс, и се движел јужно кон крајбрежното место Малибу, напиша на Twitter тамошната служба за потраги и спасување.

Делови од главните автопати се затворени во окрузите Лос Анџелес и Вентура. Снимките направени од хеликоптер објавени на локалните телевизиски станици покажуваат редица автомобили на автопатот во Малибу, околу 50 километри западно од центарот на Лос Анџелес. Не е познато колку домови се уништени во ова подрачје, јавуваат медиумите.