Пет новозаразени во Црна Гора, речиси 6.000 под надзор, донации од над два милиона евра

Црногорскиот Институт за јавно здравје регистрирал во понеделникто пет нови случаи од зараза со коронавирусот, од кои се три новозаразени лица се поврзани со постојните случаи, па во таа земја има сега вкупно 27 заразени.

„Под здравствено-санитарен надзор во Цена Гора се наоѓаат 5.863 лица, а во институционалните карантини според извештајот од министерството за здравство се наоѓаат 763 лица“, соопшти црногорскиот Институтот за јавно здравство.

Во неделата во Клиничкиот центар во Подгорица од последици на коронавирусто починал 65-годишниот маж од Херцег Нови, и тоа е првата жртва од коронавирусот во Црна Гора.

Oд понеделникот во Црна Гора на сила се нови мерки кои ги обврзуваат сите верски заедниц „верските обреди во верските објекти да ги изведуваат исклучиво без присуство на граѓани“. Владата појасни дека причина за овие мерки е фактот што во неделата на верските обреди на Српската православна црква во Црна Гора „присустввуале околу 1.350 верници“.

Црногорската полција до денеска санкционирала 60 лица кои ги прекршиле мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. Од нив 38 лица се процесуирани поради отворање угостителски објекти и нивно работење, осум за нарушување на мерката за самоизолација и 14 лица бидејќи во возило пренесувале повеќе возрасни лица од две, организирале поголеми собири или не оддржувале социјална дистанца.

Истовремено на сметката за донации која ја отвори црногорската влада собрани се „од 483 донации од земјата и странство вкупно 2.224.140,34 евра“, соопшти црногорското Национално тело за кородинација за заразни болести.

Покрај пари, многу компании, успешни спортисти и стопанственции од дијаспората купувале и респиратори за болниците во Црна Гора.

Кинеската компанија „China Road and Bridge Corporation“ (CRBC), којашто го гради автопатот Бар – Бољаре, ѝ донираше на Црна Гора 20.000 заштитни медицински марски во борбата против коронавирусот. Донацијата му е врачена на црногорскиот амбасадор во Пекинг.