Во продолжение проследете пет незгодни прашања што ги измачуваат припадниците на посилниот пол.
Мажите признаваат дека немаат поим за што размислуваат жените за време на сексот, ама сакаат да мислат дека се сконцентрирани на нивните љубовни вештини. Сепак постојат незгодни прашања што им се вртат во главата, а што не се осудуваат да прашаат.
-
Дали големината е навистина важна?
Мажите ова вечно прашање постојано ќе го поставуваат без разлика колку и да се обидувате да ги уверите дека големината не е пресудна. Уште повеќе, за жените сексот може да биде премногу болен доколку партнерот има голем пенис, а од друга страна пак, малиот неможе да задоволи.
-
Дали е важно траењето на сексуалниот чин?
Во желба сексот да не трае прекратко, мажите понекогаш користат и мали трикови па за време на односот размислуваат за нешто сосема трето. Но, тоа може да има обратен ефект, па сексот да трае предолго, а понекогаш и по 45 минути. Значи, траењето на сексот е важно, а за жената да биде задоволена во просек мора да трае од 15 до 20 минути.
-
Дали предиграта е преценета или потценета?
Поголемиот број жени сакаат предигра. Но, таа не подразбира само бакнување, галење и слично. „Загревање“ за секс може да биде и начинот на кој мажот говори, состанокот и воопшто времето што го поминувате заедно пред сексот.
Сепак, понекогаш брзиот, спонтан секс, како оној на кујнска маса, може да биде страсен како и сексот со предигра. Значи, примарната разлика не е во тоа што сексот со предигра е подобар од оној без предигра, туку дека е поинаков.
-
Дали жената е незадоволна ако не доживее оргазам?
Би можело да се рече дека жената се осеќа изневерено ако партнерот не и приушти оргазам. Сепак тоа е главен показател дека на мажот му е важна партнерката. За жените оргазмот е важен речиси како и за мажите, единствена разлика е во тоа што тие не чувствуваат болка во интимните предели ако се возбудат, а не го доживеат.
-
Дали оралниот секс е подобар од обичниот?
Мажите обожаваат кога партнерката орално ќе ги задоволи и за тоа разговараат меѓу себе многу повеќе отколку за обичниот секс. Затоа мошне ги чуди кога жената не сака орален секс, па дури и кога нејзе и се пружа задоволство, а има и такви.
На жените треба да им се даде време самите да одлучат кога е вистинскиот миг за тоа. Во некои случаи оралниот секс би моѓел да се опише како пријател што ретко излегува, но кога ќе излезе, одличната забава е загарантирана.