Излезноста до 9 часот од вториот круг од локалните избори изнесува 5,25 проценти, истакна претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.
Посочи дека досега, според нивните информации гласале 56.700 гласачи од бројките со кои располагаат.
Висока излезност до 9 часот има во Ранковце 15,23 проценти, Конче 14,28 отсто, Пехчево 13,73, Зелениково 11,74 проценти и Кратово 11,02 отсто.
Даштевски истакна дека сите избирачки места се отворени.
-Имаше неколку места во Скопје и неколку надвор во Скопје кои не беа отворени навреме, но сега сите се отворени. Тоа е заради технички причини, по едно место во Центар, Кисела Вода, Карпош, две во Сарај. Во Македонија технички проблеми кои се надминати имаше во Злетово на три места, Македонски Брод, Лабуништа и Чешиново Облешево, објасни Даштевски.
На гласачките места не се утврдени досега неправилности.