
1. Вашата иницијатива
Не постои ништо поеротично од жена која се чувствува добро во своето тело. Тоа е природна „мамка“ за мажите и тие едноставно не можат да одолеат. Покрај тоа што жената ја прави сексипилна и заводлива, опуштеноста за време на сексот како и превземањето на иницијатива, мажите ги толкуваат како силна желба да бидете со нив и да уживате во нивно друштво. Мажите обожуваат кога жената знае што сака.
2. Вашите движења
Движењата се најсилното оружје на жената и тоа од начинот на одење, кокетирање и однесување во друштво, па се` до најстрасниот чин. Женското тело само по себе на мажите им е многу привлечно, а уште повеќе кога тоа со движењата открива страст и заведување, ниеден маж во тој момент не може да остане рамнодушен.
3. Вашите погледи
Погледот може да биде многу сензуално и страствено оружје на кое „паѓа“ секој маж. Тој опишува сигурност, самодоверба, уживање, задоволство, страст и желба за секс. Погледите за време на бакнувањето, како и погледите на своето и неговото голо тело се инстант подигнувачи на страста и затоа секоја жена треба максимално да ги искористи.
4. Вашите воздишки
За време на сексуалниот однос, она што открива вистинско задоволство се сензуалните воздишки на жените кои за момент можат да го возбудат секој маж. Со помош на воздишките тие знаат дека се навистинскиот пат, но и тоа им е доказ дека навистина уживате во нивните допири, бакнежи… Препуштете и` се на страста и не се воздржувајте да му покажете на партнерот што навистина чувствувате за време на страствениот чин на водење љубов.

5. Вашиот труд
Ако сте помислиле дека мажите не се грижат за вашата долна облека или малите трикови како депилација и средување на интимната зона, се лажете. Иако се „загреани“ за вашето тело, тие и тоа како го забележуваат вашиот труд да ги импресионирате. Тоа многу им ласка.
Дотерајте се и уживајте во магиите на страственото водење љубов.