Пет симптоми на омикрон-от кај вакцинираните против Covid-19

Кај пациентите вакцинирани против коронавирусот се појавуваат пет симтоми кога се заразени со омикрон сојкот, вели бротанскиот епидемиолог проф. Тим Спектор за The Conversation.

Станува збор, појаснува Спектор, за течење на носот, кивање, замор, главоболка и болки во грлото. Истовремено, само половоната заразени со омикрон сојот се пожалиле на класичните симптоми на зараза со коронавирусот како што се треска, кашлица и губење на миросот.

„Омикрон предизвикува симптоми кои повеќе налекуваат на обична настинка, особено кај луѓето кои се вакцинирани и помалку од оопштите системскисимптомиж“, вели епидемиологот.

Омикрон сојот на коронавирусот, или B.1.1.529, првпат беше идентификуван во Боцвана и Јужоафриканската Републија ланскиот ноември. Според стручњаците, тој е далеку позаразен од претходните варијанти на вирусот и со него може да се инфицираат и целосно вакцинираните. Се шири побрзо и станува доминантен во 110 земји и региони во светот, а во Дансска и Шведска известија за идентификување негови подваријанти.