Пет синхронизирани експлозии го потресоа Бангкок

Тајландската полиција потврди дека петте експлозии кои одекнаа во петокот во главниот град Бангкок биле поврзани, пренесуваат тамошните медиуми.

Серијата детонации на експлозивни направи со мала моќност во петокот ги потресе централните квартови на Бангкок. Во моментов засилени полициски патроли се забележуваат на улиците во централните области на тајландската престолнина.

Генерал-поручникот на тајландската полиција Сутипонг Вонгпин изјавил дека петте експлозии се поврзани меѓу себе, но не дал други поединости. Со тоа ги коригираше претходните информации дека во Бангкок утрово одекнале седум експлозии.

Во остатокот на денот бангкошките власти во куси интервали ги препредуваат преку медиумите и социјалните мрежи граѓаните дека е неопходно да бидат претпазливост на местата на масовни собирања во централните населби во градот.

Во експлозиите повредени се четири лица, а едно побегнало од местот на настанот и не е вбриено во оваа статистика. Полесно се повредени тројца службеници во јавните служби на Бангкок, на кои им била укажана лекарска нега.

Не се предизвикани, исто така, ниту поголеми материјални штети, освен два бутика, во кои го експлозиите прогрмеле во пет часот наутро. Штетата, според полицијата, не е предизвикана од детонациите, туку од пожарите кои биле предивикани од нив.

Засега ниедна група не ја презема одговорноста за експлозиите во пресрет на одржувањето на безбедносен самит во Бангкок за Југоисточна Азија, на кој ќе учествуваат водечките дипломати под САД, Русија, Кина, Велика Британија и многу други земји.