Пет земји во Европа имаат крајно десничарски влади, попусти напорите да бидат надвор од власта, пишува Politico

Долгорочните напори да се задржат екстремистичките сили надвор од власт во Европа официјално се завршени, пишува бриселското издание на Politico, предупредувајќи на подемот на крајната десница низ обединетиот континент.

Весникот потсетува дека европските политички партии од секаков вид со децении ги здружуваа силите за да ја држат екстремната десница далеку од лостовите на моќта и тврди дека таа стратегија, позната во Франција како „cordon sante“ („санитарен кордон/ заштитен ѕид“) паѓа додека популарноста на популистичките и националистичките партии расте низ целиот континент.

Пет земји од Европската унија: Италија, Финска, Словачка, Унгарија и Чешка имаат крајно десничарски партии во владата.

Во Шведска, опстанокот на извршната власт зависи од договорот за доверба со националистичките шведски демократи, кои се втората по големина сила во парламентот.

Во Холандија, антиисламскиот политичар Герт Вилдерс е на работ на моќта, откако склучи историски договор за формирање на најдесничарската влада во поновата холандска историја.

Според анкетите спроведени од Politico во Франција, суверенистичкиот Национален собир на крајната десничарка Марин Ле Пен ја доби довербата на околу 30 отсто од гласачите, што е далеку пред партијата Преродба на францускиот претседател Емануел Макрон.

Од другата страна на Рајна, Алтернатива за Германија (AfD), партија под полициски надзор поради своите екстремистички ставови, е на второто место во анкетите, заедно со социјалдемократите.

Тие партии би можеле да го искористат моментот и да формираат моќен политички блок две недели пред изборите, но само доколку успеат да го задржат своето единство, пишува Политико.