Пет жртви од коронавирусот во Британија, во Канада потврден првиот смртен случај

Бројот на починатите како последица од заразата со новиот тип коронавирус во Велика Британија се зголеми на пет лица, пренесува во понеделникот вечерта телевизијата Sky News.

„Можеме да потврдиме дека, за жал, денска пациент повозрасен од 70 години и кој беше во многу сериозна состоја поради низа повеќегодишни болести, почина во лондонската болница на свети Хелиер“, се наведува во соопштението на болницата на коешто се повикува телевизијата.

Станува збор за второ соопштение за смртен исход од зараза на коронавирусот во Велика Британија во понеделникот.

„Со тага извесуваме дека уште еден пациент почина од коронавирусот… Судејќи според сѐ, пациентот се заразил со вирусот во Велика Британи“, беше наведено во соопштението на главниот лекар на Англија, Крис Вити, претходно во понеделникот.

Според првичните податоци, ппчинатиот пациент е 70-годишна жена кај којашто претрходно било дијагностицирано друго заболување. Таа се лекувала во болницата во Вулверхемптон. Сите починати се лица над 60-годишна возраст, коишто исто така страдале и од други заболувања.

Последните денови драматично се зголеми бројот на новозаразените со коронавирус во Обединетото Кралство. Во моментов официјално се потврдени 319 случаи, од кои 46 се дијагнистицирани во последните 24 часа.

Истовремено во понеделникот вечерта по средноевропско време локалните власти потврдја дека го регистрирале првиот смртен случај како последица од инфекцијата со вирусот Covid-19 во Канада.

Како што за медиумите изјавила портпаролката на министерството за здравство на покраината Британска Колумбија, Бони Хенри, станува збор за маж кој бил згрижен во дом за стари и немоќн илица во Северен Ванкување. Тој починал во неделата ноќта.