Според направените анализи, овие пет фудбалери би требало да бидат вистински хит на ЕП 2016.
АНТОНИ МАРСИЈАЛ
Домаќинот, репрезентацијата на Франција, на располагање ги има услугите на еден од најдобрите млади фудбалери на денешницата. Марсијал ќе бида главниот напаѓач благодарение на неиграњето на Карим Бензема. Манчестер Јунајтед одвои 45.6 мил. евра за неговите услуги, а Марсијал беше крунисан за најскапо купен фудбалер кој има помалку од 20 години. Изминатата сезона постигна 11 погодоци, но се уште се нема израдувано во националниот дрес.
МАРКУС РАШФОРД
Уште еден фудбалер од редовите на Манчестер Јунајтед. Станува збор за 18-годишен напаѓач кој имаше совршена сезона во Премиер лигата. Рашфорд е познат и како најмладиот фудбалер кој има постигнато погодок на европската клупска сцена. Исто така е и најмладиот дебитант кој има постигнато погодок за репрезентацијата на Англија. Дава впечаток дека може да постигне погодок кога сака.
ДИВОК ОРИГИ
Во репрезентацијата на Белгија има само тројца фудбалери кои имаат повеќе од 30 години. Фудбалерот на Ливерпул важи за еден од главните адути кога е во прашање нападот. Има одиграно 20 натпревари за националниот тим, на кои постигна три погодоци. Станува збор за брз, силен и креативен фудбалер, вистински прототип за модерен напаѓач.
КИНГСЛИ КОМАН
Репрезентацијата на Франција поседува уште еден талентиран фудбалер. Коман имаше одлична сезона во дресот на Баерн (М) и се покажа како вистинска аквизиција. Важи за еден од најталентираните фудбалери на денешницата. Многу е брз, игра со двете нозе, совршено функционира на повеќе позиции. Има постигнато еден погодок на петте натпревари кои ги одигра во националниот дрес.
ХЕКТОР БЕЛЕРИН
Игра на позицијата десен бек, но поради својата брзина, честопати дејствува на противничката половина. Има забележано само два настапа во националниот дрес, а ЕП 2016 стана реалност “благодарение# на повредата на Дани Карвахал. Иако доби повик во последниот момент, Белерин ќе биде во фокусот на најбогатите европски клубови, првенство на Барселона.