Петчасовниот музички фестивал „Crazy Summer Festival“ денеска, од 17 до 22 часот, ќе се одржува во Градски парк, кај Школка.
Фестивалот е организиран од страна на истоимената светска компанија за мобилни игри „CrazyLabs“. Влезот е бесплатен, а за посетителите на фестивалот ќе има богато мени со храна и ладни пијалоци. Ќе настапат Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Тони Зен и Диџеј Бугимен.
Освен музичките настапи во петчасовната забавна програма, организаторите најавуваат и голем број игри и интересни изненадувања. За сите присутни ќе бидат достапни креативни и забавни предизвици, а за најсреќните и најактивните ќе следуваат вредни подароци