Скопската полиција во четвртокот добила пријави за два случаи на каснување од кучиња скитници на територијата на градот, едниот во кој настрадало петгодишно дете во населбата Бутел и вториот во централното подрачје во кој нападната била 61-жена
На 21.05.2020 во 11:00 часот во Полициска станица Чаир, З.А.(35) од Скопје пријавил дека на улицата „Боца Иванова“ неговиот 5-годишен син бил каснат од куче скитник.
На 21.05.2020 во 19:00 часот во СВР Скопје, М.С.(61) од Скопје пријавила дека на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ била касната од куче скитник.