Реагирајќи на објава на Твитер од хрватскиот новинар Иван Бродиќ, поранешната европратеничка Маријана Петир уште еднаш ја сподели својата љубов кон Македонија и македонскиот народ.
„Јас навистина ги сакам Македонија и македонскиот народ и се надевам дека наскоро ќе добијат власт што ќе ги сака барем половина од тоа што јас ги сакам“, твитна основачката и бивша шефица на Групата пријатели на Македонија во Европскиот парламент како одговор на постот на Бродиќ, кој удри по лидерот на СДСМ и експремиер Зоран Заев.
„Не само што неговата влада имаше политички затвореници, сега советниците на Зоран Заев и на Владата брутално ги напаѓаат политичките противници. Дали Андреј Пленковиќ и Владата на Хрватска ќе реагираат на ова? #ПрашувамЗаРоднина“, вели Бродиќ во својот коментар за нападот врз оперскиот пејач и носител на изборна листа на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, од советник на Заев.
Ja stvarno volim #Makedonija i makedonski narod i nadam će da će uskoro dobiti vlast koja će ih voljeti barem u pola koliko ih ja volim.
— Marijana Petir (@marijana_petir) June 2, 2020