„Напорите кои ги давате на жените да се вклучат во политика и во процесите на донесување на одлуките што не е само нивно право туку е и многу важно поради посебниот поглед кои жените го донесуваат во таквите процеси. Женските гениј, женската интуиција е восхит“, истакна синоќа пратеничката во хрватското Собрание Маријана Петир, на 19-та годишна конференција на Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Одлучни за промени“.
Таа додаде дека позитивните законски прописи кои се поврзани со делувањето на жените во политиката постојат, но постојат предрасуди и стереотипи кои жените се секојдневно изложени.
Петир посочи дека жените и понатаму се застапени сегде каде се донесуваат важни одлуки.
„Сите вие знаете дека ја сакам Македонија и знаете да за Македонија секогаш сум се борела како лавица, бидејќи не поднесувам неправди. Мислам да нема друг народ како што Хрватите може да ја разберат тешкотијата со која Македонија се соочува“, рече Петир.
Петир потенцираше дека се противела и понатаму се противи на неправедните притисоци кои задираат во суверенитетот, националниот културен идентитет на Македонија. Затоа што тие притисоци имаат негативен ефект не само на политички живот туку и на господарската ситуација на државата.