Измените во законот за урбанистичко планирање се носат со една цел, а тоа е укинување на се што било важечко досега, и тоа се прави на сметка на обичниот народ. Со измените на овој закон ќе се јават големи проблеми, бидејќи власта ги скока сите процедури, а цената ќе ја плаќаат општините, институциите и народот од свој џеб, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска на денешната собраниска седница.
Таа истакна дека ништо не и дава право на власта под превезот стратешки интерес да го суспендира македонското право и да не почитувате цела низа на законски одредби за градење.
– Тоа не ви дава за право да ја загрозувате евроинтеграцијата на Македонија злоупотребувајќи го европското знаменце за да правите криминал и да гласате закони кои се противуставни. Поништувате закон и тоа со ЕУ знаменце. Кажете барем една европска земја која поништила Закон за градење или Закон за урбанистичко планирање? Нема таква, рече таа.
Додаде дека треба да се гради со законски решенија кои ќе спречат криминал и безредие, а не спротивното.
– Со ваков начин, со вака креирани закони кои значат беззаконие стимулирате неправда и поттикнувате урбанистичко безредие. Како министерот потпишал празна табела само тој знае, но имајќи предвид дека потпишал на невидено и дозволил друг да му гои координира проектот тука гледаме домазет кај Грби кај кого цела владата е потстанар. Кој ќе сносни одговорност ако се случи несреќа? Колку средства дополнително ќе се одвојат, овде само провизии се предвидено, нагласи Петкоска.
Според неа ваков пример на уништување на национално законодавство не постои во друга држава.
– Во земја како Македонија рангирана како најсиромашна се склучува најскап договор без проект, без траса, без градежни дозволи, рече Петкоска.