„Има оперативен состанок на Советот на министри, на кој се разговара за тоа (протерувањето на руски дипломати), има долг процес што се одвиваше и кој заврши кога Министерството за надворешни работи го направи отповикот вчера“.
Ова го изјави денеска премиерот во оставка на Бугарија – Кирил Петков по неговото сослушување во Народното собрание за протерувањето на 70-те руски дипломати, јавува „БГНЕС“.
„Идејата за одлука на еден човек е уште еден обид за политички маневри, но се надевам дека денеска се сретнаа сите пратеници. Ова е процес кој започна во март, имаме белешки од април, мај, јуни, го имавме Советот за безбедност со сите служби кои кажаа – САНС, ДАР, Воено разузнавање. Излегоа две работи, тоа е долг процес, второ беа вклучени многу служби, трето не сме во нормална ситуација во моментов, војната во Украина предизвика нова ситуација во ЕУ, особено што Русија ја прогласи Бугарија за непријателска држава“ – рече Петков.
Тој нагласи дека сега „сите се фокусираа на 70 луѓе, реално руската амбасада продолжува да има над 40 вработени, што е голема бројка во споредба со многу европски земји, работите станаа јасни“.
„Јасно беше објавено дека јас како премиер сум раководел со Советот за безбедност, но има извештај од МНР, Државната агенција за национална безбедност“ додаде Петков.