
Во последните шест месеци од годинава, криминалот на ниво на Општина Куманово е зголеме за дур 20 отсто, изјави понеделникот Драган Петковски, советник од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по расправата по извештајот за работата на полициската станица од општа надлежност Куманово.
„Во овој извештај видовме еден франтпантен податок дека во последните шест месеци криминалитетот во Општина Куманово е зголемен дури за 20 отсто. Оваа особеност се однесува на делот, економски криминал каде што зголемувањето е 170 проценти, и на делот на недозволена трговија каде што зголемувањето е 75 отсто“, изјави Петковски.
Порди тоа, додаде Петковски, како советничка група на Коалицијата „За подобра Македонија“ го повикуват ресорниот министер да обрне малку повеќе внимание за својот роден град.
„И притоа да си ја врши својата работа како што треба за да неговите сограѓани бидат задоволни од работата на полициската станица. И да сигурноста на граѓаните во Куманово се зголеми, бидејќи моментално не е баш така“, додаде Петковски.