Петмина Израелци меѓу 14-те жртви во несреќата во Италија

Во падот на кабината од жичницата од височина од 20-ина метри меѓу 14-те жртви, пет се Израелци, а дно дете е тешко повредено во несречата кај местото Стреза на брегот на езерото Маџоре во северниот италијански регион Пиемонт.

Две деца во медицински хеликоптери беа рано попладнето пренесени во болницата „Регина Маргарета“ во Торино. Деветгодишното дете им подлегнало на тешките повреди, а другото за кое се проценува дека е на петгодишна возраст е подвргнато на сложена операција поради фрактури на черепот и двете нозе.

Израелското министерство за надворешни работи наведе во неделата ноќта дека пет Израелци смртно настрадале во несреќтата, меѓу кои е и брачна двојка и едно дете се простојувалиште во Италија, и една двојка којашто живее во Израел.

Несреќата се случила малку по 12,30 часот по локално време, на 100-ина метри од последната висинска станица на жичницата. Според прелиминарните сознанија, се чини дека пукнал кабелот на највисокиот дел од жичницата.

Во кабината со капацитет до 40 патници, имало 15 лица, според последните информации на локалните власти. Со што е отфрлено сомневањето дека причина за несреќата може да е преоптовареноста.

„Кабината паѓала петнаесетина метри и се забила во дрво“, појасни за медиумите локален карабинер.

„Гондолата само што не стасала до Мотароне. Во еден момент тргнала наназад, удрила во столбот кој ја отфрлил“, појасни градоначалничката на Стрезо, Марсела Северино.

Жичницата со возење од 20 минути ги поврзува селото Стрезо и планината Мотарон висока 1.500 метри.

Кабината паднала во тешко пристапен шумски терен, поради што операцијата на извлекување на жртвите на припадниците на горската и спелеолошка спасувачка служба траеше до раните вечерни часови.

Државното обвинителство во Милано отвори истрага за ненамерни убиства и ранување. Од другите девет жртви, досега е потврдено загинувањето на 40-годишна жена и 45-годишен маж, сопружници кои живееле во Пјачентино, но и двајцата потекнувале од Бари, кои на Маџоре го прославувале роденденот на жената.

Жичницата е првпат отворена во август 1970 година по тригодишните работи на замена на запчестата железница. Според операторот, во 2014 година жичницата минала темелен ремонт кој траел две години и била затворена до 2016 годна. Жичницата Стреза – Мотароне е повторно отворена пред речиси еден месец на 24-ти април за локалното население и туристите по постепеното укинување на епидемиолошкото „затворење“.

Брегот на предалпското езеро Маџоре, меѓу Швајцарија и Италија, како и врвот Мотароне е многу популарен и омилен меѓу домашните и странските туристи поради прекрасниот панорамски поглед на езерото и на неговите живописни острови, како и поради отворениот видик кон Алпите.