
Во изминатите 24 часа, во Хрватска се регистрирани 77 нови случаи на заболени со коронавирус, бројот на активни случаи е 881, а пет пациенти починале, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Од заболените, 134 се во болница, од кои девет се на респиратор.
Од 25 февруари, кога е забележан првиот случај во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 4.792 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 133 починале, а 3.788 оздравеле.
Во моментов има 3.350 лица во самоизолација.
До денес, тестирани се вкупно 110.514 лица, од кои 1.156 во последните 24 часа.