Петмина повредени во тешка сообраќајка кај Блатец

Пет лица од кои едено потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која вчера вечерта се случила  на локалниот пат за с.Блатец, кај место викано „Ревиро“.

Во несреќата, според информациите на МВР, учествувале автомобил „рено клио“ со кочански регистарски ознаки, управуван од С.Ѓ.(36) од с.Блатец и автомобил „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Т.М.(41) од с.Вељуса, струмичко.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Ѓ., а со телесни повреди се здобиле возачот Т.М. и тројца сопатници од истото возило – Г.Р.(41) од с.Покрајчево, радовишко, Д.Ј.(43) од Виница и З.Ј.(34) од с.Ангелци, општина Василево, констатирани во Медицинскиот центар во Штип и Општата болница во Кочани, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.