Пет лица се хоспитализирани со тешки повреди во пукањето во продавница за алкохол во Шривпорт во американската сојузна држава Луизијана во неделата вечеррта, извести локалниот телевизиски канала KSLA news.
Според полицијата, пукањето се случило по 21 часот во неделата по локално време, односно 5 часот утрото во понеделникот по македонско време. На местото на инцидентот биле испратени 21 полициска патрола се додава во извештајот на каналот кој е дел од теелвизиската мрежа CBS News.
Засега не е познато кој е одговорен за пукањето. Властите во Шривпорт наведуваат дека хоспитализираните во градската болницата имаа повреди опасни по животот.
Четири лица биле надвор од продавницата за алкохол на авенијата „Хирни“ во Шривпорт, кога се случило пукањето, се наведува во извештајот.
Претходно во неделата американските медиуми јавија за пукање во Остон, во сојузната држава Тексас, во кое загинале три лица. Во овој инцидент е идентификуван напаѓачот по кој се трага.