Петто лице осомничено во врска со трагедијата со мртвите мигранти, оставени во камион на пат во Австрија, е уапсено во Унгарија, соопшти денеска полициајта.
Петтоуапсениот е исто така бугарски државјанин.
Досега беа уапсени четири лица, тројца Бугари и еден Авганистанец.
Судот вчера донесе одлука уапсените да останат еден месец во притвор во Унгарија, додека трае истрагата за мртвите мигранти.
Четворицата осомничени пред судот во Унгарија изјавиле дека не се чувствуваат виновсни за смртта на бегалците , чии тела се пронајдени во четвртокот, во Австрија.
Криумчарите ќе останат во притвот во Унгарија. Полицијта верува дека е се фатени трговци со луѓе, кои припаѓаат на една од најозлогласените банди кои транспортираат имигранти за големи суми пари.
Четворицата уапсени (тројца Бугари на возраст од 29, 30 и 50 години, како и еден Авганистанец на возраст од 28 години) ќе останат во притвор до 29 септември, и се сомночат за криумчарење луѓе, мачење и остварување финансиска корист.
Унгарската полиција прво приведе седум осомничени, од нив четворица уапси.
Камионот ладилник со 59 тела на мажи, осум жени и четири деца, пронајден е на патот кај австриското место Парндорф.