Петмина работници загинаа а тројца други се тешко повредени откако на градилиште во Фиренца се урнала бетонска плоча, што повторно ги поттикна дискусиите во поглед на безбедносните стандарди на работните места во Италија.
Работниците загинале во петокот утрото во текот на работите на градење супермаркет од синџирот „Esselunga“. Италијанските медиуми во саботата пишуваат дека меѓу жртвите се еден Италијанец, тројца Мароканци и еден Тунижанец.
Пожарникарите ги извлекле тројцата преживеани, кои итно се префрлени во болница, со уште четири тела. Во саботата се прават обиди да се извлече и последното лице кои сѐ уште било под урнатините, а операцијата се опишува како „сложена“.
Претседателот на регионот Тоскана, Еуџенио Џани за локалното радио изјави дека спасувачите веруваат дека последното исчезнато лице е мртво и дека „сега можеме да кажеме дека има пет жртви“.
Медиумите потсетуваат дека несреќите на градилиштата во Италија се доста чести. Во 2021 година забележани со 601 смртен случај на работното мести, што е втората најголема бројка во Европската унија по Франција, според податоците на статистичката агенција Eurostat.
Двата најголеми италијански синдикати Cgil и Uil повикаа на 21-ви февруари на двочасовен национален штрајк, обвинувајќи го за честите несреќи претераното користење на подизведувачи поради што се намалуваат платите, безбедност при работата, има помалку обука и полоши се работните услови на градилиштата.
„Веќе се заморени од изјавите на сочувство. Работата и безбедноста мора да бидат во центарот на политичкото внимание за да се спроведат конкретни решенија, почнувајќи од најризичните места како што се градилиштата“, порачаа синдикатите.
Во саботата сочувство поради смртта на работниците изразија папата Франциск, премиерката Џорџа Мелони и многу италијански функционери. Папата ги повика „одговорните за заштита на работниците да вложат повеќе напори“ во безбедноста при работењето.