Петмина загинати при пад на лифт на градилиште во Сандбиберг

Неколку лица се тешко повредени, а пет загинаа на градилиште паѓајќи од височина од 20 метри на монтажен лифт во Сандбиберг, предградие на Стокхолм.

Сѐ уште се истражува што ја предизвикало несреќата, а работата на градилиштето е прекината. Вишиот надлежен обвинител Гунар Јонасон потврдил дека во тек е прелиминарна истрага во која учествува и Националната комисија за несреќи поради сомнение за „нарушување на работната средина што предизвикало смрт на друго лице“.

„Ова е сериозен инцидент што сега го истражуваме“, рече тој. Тој додаде дека властите работат на утврдување на идентитетот на жртвите и воспоставување контакт со нивните роднини. Портпаролот на компанијата што го произведува лифтот вчера за таблоидот Aftonbladet изјавил дека овој тип на лифт се користи во светот повеќе од 20 години и дека никогаш немало сличен инцидент.