Голема е веројатноста на есен да има двојни избори, локални и предвремени парламентарни, затоа што оние клучни ветувања и проекти на оваа Влада доживуваат фијаско, вели во емисијата „Патот кон“ пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Посочи дека ова е можно и треба да се случи затоа што власта ги разочара грачаните и Македонија на секое поле доживува фијаско, почнувајќи од надворешната политика, евроинтеграцијата, па се до справувањето со економската и здравствената криза.
„Фијаско дожививаме независно дали се работи за надворешна политика, во евроинтеграциите, во здравство, образование. Во сите сегменти на општественото живеење ние секојдневно трпиме фијаска, трпиме блокади, доживуваме порази како држава а кои што оваа влада ги вети и за што доби поддршка од граѓаните на последните избори, сите ветувања паднаа во вода и мислам дека после четири,пет години власт оваа Влада треба да си замине во историјата, рече Петрушевски.
Што се однесува до оној дел на работата на парламентот, додава Петрушевски, опозицијата поднесува голем број на амандмани, тоа е една алатка која ни стои на располагање и со кои сакаме да ја натераме власта да размисли за одредени законски решенија кои не се добри, а и за злоупотребата која ја прават со евроското знаменце, при што не ни беше овозможена дебата и учество во креирањето на истите закони.