![petrusevski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/11/petrusevski.jpg?resize=694%2C450&ssl=1)
Навистина е нереален и неразвоен буџетот и тоа ќе го аргументирам зошто е така. Нереален е најпрвин затоа што приходната страна на Буџетот е нереално и свесно предимензионирано, од неколку причини. Ќе се обидам пократко да ги образложам. Најпрвин на проектиран раст на македонската активност од 4.1 тоа се параметри кои што ги дава министерството за финансии, и имаат проектиран раст од 4.1 на економијата како оптимистичко сценарио. Има и уште едно сценарио кое што е попесимистичко и тука растот е 2.4% и инфлација од 1.5%. Тоа значи вкупно вака математички и економски се гледа приходната страна односно даночните приходи кои што ќе ги собере државата би требало да се движат во раст од 5 до 6% доколку ова предвидување на министерството за финансии се покаже како правилно“, појасни Бране Петрушевски пратеник до редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“при гостување во емисија „24 Анализа“.
Петрушевски додаде дека проекцијата која што ја врши министерството за финансии на даноците и приходите е зголемна за 8.3%. Или свесно министерството за финансии проектира повисоко салдо на приходната страна за да го намали буџетскиот дефицит за да вака изгледа поприфатливо за граѓаните или планира воведување на нови даноци односно зголемување на даноците. Ако тоа власта планира треба да излезе пред граѓаните и да признае дека ќе ги зголеми даноците во ек на пандемија и економска криза.
„Расходите иако се зголемени тие ставки за мебели, автомобили и за привремени вработувања, и тоа се доста зголемени во однос на претходната година. Платите и надоместоците на администрацијата од една страна Зоран Заев вели дека ќе ја намалува администрацијаSet featured imageта и тоа му се провлекува четири години какомизборно ветување. А, реалноста е дека во буџетот плати и надоместоци во однос на 2020-тата година имаме зголемување за 4.1%, ако ја земеме и 2019-тата која што е пореферентна бидејќи тогаш немаше корона вирус имаме зголемување дури за 11%. Тоа се сериозни вработувања, нови вработувања на терет на државата, згрижување на партиска војска“, рече Петрушевски.