Петта победа во низа на Монако, Лориен по 10 години го доби ПСЖ

Во последниот меч од 22-то коло на француското фудбалско првенство, Монако со 2:1 како гостин го совлада Нант остварувајќи ја петтата последователна победа.

Головите за тимот од Кнежевството ги постигнаа Гвиљермо Марипан во 45 и Кевин Воланд во 60 минута, додека стрелец за Нант кој од 74 минута играше без исклучениот Николас Палиос, бепше Ренод Емонд во 83 миута. Притоа, играчите на Монако, Софиан Диоп во 18 и Ореллиен Тчуамени во 70 ја погодина стативата на противничкиот гол.

Монако остана на четвертото место со 42 бодови, шест помалку од водечкиот Лил кој го презема водството на табелата откако со 1:0 го совлада Дижон, со голот кој го постигна Јусуф Јазики во 29 минута.

 

Актуелниот француски првак ПСЖ во претходно одиграниот дуел доживеа неочекуван гостински пораз кај Лиориен со 2:3. Ова беше првата победа на Лориен против ПСЖ по 12-те последователни порази и првата во последните десет години.

Пред мечот Лориен беше на претпоследното 19-то место со ист број бодови како и „фенерџијата“ Нимс, и се очекуваше лесна победа на парижаните. Но Лориен одигра одлично и приреди сензација.

Домашните поведоа со голот во 36 минута кој го постигна Лорен Абергел, но ПСЖ направи пресврт со двата гола кои ги постигна Нејмар во 45 и 58 минута, и двата од пенал. Во 80 минута Лориен израмни преку Јоан Вис,а во последните моменти од мечот Теремас Мофи по одличниот противнапад погоди за победа на домашните.

ПСЖ падна на третото место со 45 бодови, бод помалку од вториот Лион и три од водечкиот Лил. Лориен сега со 18 бодови е на 18-то место од кое игра квалификации за опстанок, три повеќе од Дижон и Ним, а исрамнет е со Нант на 17-то место.