Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја остварија петтата последователна победа под водство на Оле Гунар Солскјер, совалдувајќи го во третото коло од англискиот ФА Куп второлигашот Рединг со 2:0.
По четирите првенствени победи во ниа, играчите на Манчестер Јунјатед, благодарејќи на погодоците на Хуан Мата во 22 од пенал и на Ромелу Лукаку во четвртата минута од судиското продолжение на првото полувреме, изборувајчи 16-финале во ФА Купот.
Поранешниот европски првак Астон Вила на домашен терен беше пораен од Свонси со 0:3, а стрелци беа Бејкер Ричардсон во 2, Нејтан Даер во 47 и Џеј Галтон во 78 минута.
Елиминаран е уште еден некогашен европски шампион, ако се има предвид дека Челзи со 2:0 го победи сега второлигашот Нотингем Форест со погодоците на Алваро Мората во 49 и 59 минута.
Нејтан Редмонд со головите во 4 и 48 минута му донесе водство од 2:0 на Саутемптон против Дерби Каунти, но домашните за само три минути со головите на Џек Мериот во 58 и Том Леуренс во 61 минута се изборија за нова средба која овојпат ќе се игра во Саутемптон.
Во последниот мел во саботата Арсенал очекувано со 3:0 славеше на гости кај третолигашот Блекпул, а стрелци беа Џо Вилкок во 11 и 37, и Алекс Ијоби во 82 минута.
РЕЗУЛТАТИ:
Шрусбери Таун (III) – Стоук Сити (II) 1-1
Бурнемут – Брајтон и Хов Албион 1-3
Вест Хем – Бирмингем Сити (II) 2-0
Барнли – Барнсли (III) 1-0
Шефилд Венсдеј (II) – Лутон (III) 0-0
Манчестер Јунајтед – Рединг (II) 2-0
Вест Бромвич Албион (II) – Виган (II) 1-0
Гилингам (III) – Кардиф Сити 1-0
Евертон – Линколн Сити (IV) 2-1
Дерби Каунти (II) – Саутемптон 2-2
Акрингтон Стенли (III) – Ипсвич Таун (II) 1-0
Болтон (II) – Волсал (III) 5-2
Брентфорд (II) – Оксфорд Јунајтед (III) 1-0
Челзи – Нотингем Форест (II) 2-0
Флитвуд Таун (III) – АФК Вимблдон (III) 2-3
Мидлсборо (II) – Питерборо Јунајтед (III) 5-0
Астон Вила (II) – Свонси Сити (II) 0-3
Блекпул (III) – Арсенал 0-3
Њукасл – Блекбурн (II) 1-1
Кристал Палас – Гримсби Таун (IV) 1-0
Бристол Сити (II) – Хадерсфилд 1-0
Норвич Сити (II) – Портсмут (III) 0-1