Зоран Заев ги остави фирмите без реална помош. Петтиот пакет на мерки нема да ја крене економијата, туку само ќе го забрза колапсот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека иако власта дала 350 милиони евра за економија од ветените 1.2 милијарди, нема никаков ефект, а 55.000 луѓе останаа без работа.
-Државата е задолжена, а никој не знае каде отидоа околу 900 милиони евра, пари кои беа ветени како мерки, но не легнаа ниту кај граѓаните, ниту кај стопанството. Економијата колабира. Имаме пад на извозот и пад на БДП. Падот на Бруто домашниот производ во вториот квартал од 2020 година е поразителен, иако нашата земја не спаѓа во групата земји во кои туризмот игра значајна улога во создавањето на БДП, како што се медитеранските земји, Хрватска и Грција, од 38 економии за колку што постојат податоци, а само 9 имаат повисок пад на БДП од Македонија во вториот квартал на 2020 година, а 28 земји помал. Мерките на Заев очигледно не се насочени за помош, тие не се правилно димензионирани и не го постигнуваат посакуваниот ефект. Од мерките остануваат само пресовите на Заев, на кој гледајќи преку розеви очила ја убедува јавноста колку економијата блеска, се наведува во соопштението на партијата.