
Во градското дерби играно во рамките на 22-то коло од шпанското фудбалско првенство, Еспањол и Барселона одиграа 1:1, а „блауграна“ ја делеа само осум минути од првиот пораз оваа сезона.
Натпреварот беше одигран по силен дожд и со вода на натопениот терен, а Еспањол дојде во водство кон средината на второто полувреме, кога врнежите над RCDE стадионот беа најсилни, а условите за игра речиси невозможни.
Нафрлувањето на Гарсија во 66 минута го пречека Жерард и со глава неодбранливо биеше во мрежата на Барселона. Во 82 минута, во слична ситуација, по изведен корнер највисоко во казнениот простор на Еспаљол скокна Пике и израмни, спасувајќи го лидерот на табелата од првиот пораз сезонава.
Барселона дербито го започна без стандардните првотимци Лионел Меси и Иван Ракитиќ, Аргентинецот потоа влезе во игра во 58 минута, додека Хрватот не доби шанса на овој меч.
За Барселона ова е само четврто реми по 22 кола во кои не е сѐ уште поразена, и натаму е на чело на Ла Лига со 58 одови, 12 повеќе од Атлетико Мадрид кој има меч помалку, додека Еспањол е 15-ти со 25 бодови
Претходно во неделата Хетафе и Леганес одиграа без голови. Хетафе е на 10-то место со 29 бодови, додека Леганес има исто толку бодови но послаба гол-разлика и е едно место подолу.
Гирона во раниот вечерен термин го совлада со 2:0 Атлетик Билбао. Новиот прволигаш до осмата победа сезонава стаса со головите на Кристијан Стуани во 7 минута од пенал и во 65 минута. Гирона моментално е на високото 9-то место на табелата со 31 бод, додека Атлетик е 13-ти со 27 бодови.
Во доцниот вечерен термин во неделата играат Атлетико Мадрид и Валенсија, односно второ и третопласираната екипа.