Пиперките со најголем пораст на цените на зелените пазари

Најголем пораст на цените на зелените пазари во ноември е регистрирано кај зелените и црвени пиперки, додека најголемо е намалувањето кај лимоните и бананите, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во ноември оваа година, во споредба со истиот месец лани, се забележува кај кромидот и лукот. Најголемо намалување се забележува кај морковот и бананите.