Пирати украле два милиони литри нафта од јапонски брод

Во морскиот теснец Малука, кој се наоѓа меѓу Сингапур, Малезија и Индонезија пирати пресретнале јапонски танкер и од неговите резервоари украле два милиони литри нафта.

Ограбениот брод превезувал пет милиони литри гориво од Сингапур кон Мјанмар. Малезиската и сингапурската полиција соопштија дека преземаат акција за пронаоѓање на пиратите, но потврдија дека, за сега, немаат резултат.