Пирло промовиран во тренер на Јувентус

Италијанската легенда Андреа Пирло (41), само една недела откако беше назначен за нов тренер на вториот тим на Јувентус добива унапредување, па „старата дама“ вечерва и официјално го промовираше за свој нов кормилар до 2022 година.

Пирло доаѓа на клупата како наследник на Маурицио Сари, кој добива отказ после вчерашната елиминација во одминафиналето во ЛШ од Лион, без оглед што ја освои деветтта шампионска титула во низа.

„Денеска Прило почнува нова страница од својата кариера во светот на фудбалот. Од Маестро сега е Мистер, а од денеска е тренер на Јувентус. Целиот клуб и раководството одлучија да му веруваат како предводник на првиот тим, иако беше селекциран за тимот до 23 години. Одлуката е донесена зашто веруваме во способноста на Пирло и неговите лидерски способности дека иако дебитант на клупата има доволно знаење за нови успеси“, објави Јувентус.

Договорот на Пирло важи до 30 јуни 2022 година.