Пирло се чуствува премногу стар за ПСЖ

И покрај големата желба да се испроба во некоја друга лига, најдобриот фудбалер во дресот на старо-новиот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Андреа Пирло, е убеден дека е премногу стар за да направи трансфер во редовите на францускиот гигант ПСЖ.

„Точно дека сакам да се испробам и во некоја друга лига и точно дека во минатото добив неколку примамливи понуди. Сепак, на крајот од денот јас ја носам истата одлука, секогаш се одлучувам за италијанската Серија А. Ќе видиме се што ќе случи во блиската иднина, но јас сум престра за некаков трансфер во редовите на ПСЖ. Сакам да останам во редовите на Јувентус уште неколку сезони, среќен сум во Торино, играм за многу амбициозен клуб, клуб со визија со голем проект. Секогаш сум мотивиран, тоа е така затоа што уживам во фудбалската игра, не сум уморен, не ми е здодевно, убаво се забавувам на зелениот терен”, изјави репрезентативецот на Италија.